Работилница

 ➡️ На 24 септември 2025 година во 10 часот во МАНУ, Здружението за кривично право и криминологија на Македонија организираше работилница на која беше презентирана студијата „Глобална иницијатива против

транснационалниот организиран криминал -
Интегритет и независност на кривичното правосудство на Западен Балкан (полиција и јавно обвинителство/ судски и антикорупциски органи)”.

 
Оваа студија ги опфати сите земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) и ги анализираше состојбите и предизвиците во секторите на полицијата, јавното обвинителство, судството и антикорупциските тела. Двата извештаи даваат регионални прегледи на главните прашања и препораки за полицијата и обвинителството, судските и антикорупциските органи, како и
извршните резимеа на националните извештаи со специфични препораки за секоја земја. Северна Македонија учествуваше со презентации од национални експерти.
 
На работилницата се обратија авторот на студиите и дел од националните експертите кои учествуваа во подготовка на студиите, и тоа:
• Проф. д-р Угљеша Звекиќ, виш советник на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран
криминал (GI-TOC), амбасадор на Европската организација за јавно право во ОН во Виена и професор на Факултетот за влада на Универзитетот LUISS во Рим, Италија
• Проф. д-р Трпе Стојановски, виш советник на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран
криминал (GI-TOC) и професор на Факултетот за безбедност, Скопјe
• Д-р Анета Арнаудовска, член на Советот за следење на реформите во правосудството, поранешен судија и директор на Академијата за судии и јавни обвинители на Северна
Македонија
• Јавен обвинител Ленче Ристовска, јавен обвинител за врски на Северна Македонија со Европравда (Eurojust)
• Владимир Георгиев, виш консултант за борба против корупцијата и поранешен член во Државната комисија за спречување на корупција на Северна Македонија
• Александар Србиновски, теренски координатор на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (GI-TOC) за Северна Македонија
• Дарко Аврамовски, извршен директор на Коалицијата „Сите за правично судење“
 
Во дискусијата учествува истакнати научници и стручњаци од пракса.
 
💻Студиите се достапни на:
 

Изработката на оваа веб-страница е поддржана од:

Copyright © All rights reserved | By UNET