Научно стручна расправа

 Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, на 2 октомври 2025 година со почеток во 10 часот во салата за ННС на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје, организираа научно-стручна расправа на која беше презентирана студијата „Движење на криминалот и казнената политика на судовите во Република Северна Македонија во периодот 2017 – 2023 година“, проследена со дискусија.

 
Оваа студија е изработена во рамки на проектот „Движење на криминалот и казнената политика во РМ во периодот од 2013 до 2017 година“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Ова истражување е особено значајно бидејќи анализата на судската казнена политика е од значење за да се оцени ефикасноста на различните санкции. Односот помеѓу судската практика на казнување и стапките на криминалитет може да бидат значајни за изведување заклучоци за делотворноста на различните санкции и да покажат во која мера се применуваат поедини санкции.
 
На расправата присуствуваа истакнати научници и стручњаци од пракса.
 
Студијата е достапна на следниот линк.

Изработката на оваа веб-страница е поддржана од:

Copyright © All rights reserved | By UNET