Научно стручна расправа
Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, Управата за извршување санкции при Министерството за правда и Македонското пенолошко друштво, на 26 септември 2025 година со почеток во 10 часот во МАНУ, организираа јавна расправа по Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите.
Станува збор за особено значаен Закон со оглед на фактот што со Законот за извршување на санкциите се уредува извршувањето на санкциите изречени за кривични делa и прекршоци. Со предложените решенија ќе се обезбедат услови за поголема ефикасност и економичност во работењето, од една страна, а од друга страна се овозможува надминување на сите сериозни предизвици со кои се соочуваат сите засегнати субјекти.
На јавната расправа учествуваа истакнати експерти кои дадоа конструктивни забелешки во насока на унапредување на текстот на предлог Законот.