Научно стручна расправа
Здружението за кривично право и криминологија на Македонија и Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите, на 11 јуни 2025 година со почеток во 10 часот во МАНУ, одржаа научно-стручна расправа по Предлог Законот за Судски совет на Република Северна Македонија.
На расправата учествуваа еминентни научници и стручњаци од пракса кои имаа конструктивна дискусија.
Учесниците генерално го оценија Предлог Законот за судски совет на РСМ како добар, кој ги зема во предвид препораките на Оценската мисија на ЕУ, а беа дадени конкретни забелешки и предлози во насока на унапредување на текстот на Предлог Законот што ќе бидат доставени до Министерството за правда.