Научна и стручна расправа

Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, во соработка со Центарот за стратешки истражувања на МАНУ и Амбасадата на САД во Република Македонија ќе организираат научна и стручна расправа на тема „Отворени прашања околу доказите и докажувањето во кривичната постапка“. Целта на расправата е да се разгледаат сегашните одредби од процесното законодавство и други закони во однос на користењето на ПИМ мерките, односот меѓу класифицираните информации и недозволените докази и други отворени прашања.

Заклучоците од расправата ќе бидат објавени на интернет платформата на Здружението и партнерските организации, како и во новиот број од Македонската ревија за казнено право и криминологија.

Изработката на оваа веб-страница е поддржана од:

Copyright © All rights reserved | By UNET