Годишно советување 2016 година

Здружението за кривично право и криминологија на Македонија (ЗКПКМ) во соработка со Здружение на судии на Република Македонија (ЗСРМ) и IRZ – Германската фондација за меѓународна правна соработка, на 23.11.2016 година во хотел Арка, Скопје одржаа научна и стручна расправа на тема „Судско одмерување на казните и практична примена на алтернативните мерки во македонското законодавство“.

Целта на расправата беше да се анализираат предностите и предизвиците при практичната примена на Законот за одмерување на видот и одредување на висината на казната во насока на воедначување на казнената политика, како и примената на алтернативните мерки во судската практика на Република Македонија. Учество на расправата зедоа домашни и странски експерти (универзитетски професори и практичари), кои преку дебата со релевантни правни практичари и претставници од правосудството подготвија препораки и предлози од конференцијата. Исто така по завршувањето на научната и стручна расправа, а со цел подигнување на свеста кај експертската јавност во однос на овие прашања, ќе биде издаден нов број од Македонската ревија за казнено право и криминологија.

Изработката на оваа веб-страница е поддржана од:

Copyright © All rights reserved | By UNET